Info+

Американските власти трагаaт по патниците од авионот во кој била сестрата заболена од ебола

20:05 | 15.10.2014

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести во моментов се обидува да стапи во контакт со 132 патници од авионот на компанијата „Фронтиер Ерлајнс“, кои на 13 oктомври летале од Кливленд за Далас.

Втората медицинска сестра која во САД се зарази со ебола лекувајќи го пациентот кој почина од оваа болест, патувала со авион еден ден пред кај неа да се појават симптомите од болеста, соопштија денеска американските власти.


 


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести во моментов се обидува да стапи во контакт со 132 патници од авионот на компанијата „Фронтиер Ерлајнс“, кои на 13 oктомври летале од Кливленд за Далас.


 


Медицинската сестра Амбер Винсон од тексашката Презвитеријанска болница, која го негувала Томас Ерика Данкан, првиот пациент кој во САД почина од ебола, вчера беше изолирана веднаш откако доби висока темпeратура.


 


Данкан почина на 8 октомври, а болницата во неделата објави дека Нина Фам, една од сестрите кои се грижеле за него, е инфицирана од вирусот на ебола.


 


Извор: МИА

© infoplus.mk | Сите права се задржани.