Info+

Антиќ постигна девет поени против Мајами

09:41 | 15.10.2014

Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ се врати на теренот по повредата на носот и на дуелот со Мајами ноќеска одигра нешто повеќе од 11 минути и постигна девет поени. Атланта оствари победа од 109:103 на гости, а во вториот и третиот период „јастребите“ постигнаа 72 поена.

Антиќ кој играше со заштитна маска, постигна една тројка, а немаше промашување во ударите за два поена и од линијата за слободни, каде имаше учинок 2 од 2 од двете позиции. Притоа имаше и три скокови и една украдена топка.
Во победничката екипа најефикасен беше Пол Милсап со 23 поени, а кај Мајами Крис Бош реализираше 22.

Извор МИА

© infoplus.mk | Сите права се задржани.