Info+

Белеењето на забите им го враќа сјајот

10:32 | 02.01.2012

Убавата насмевка е украс на секое лице, која треба постојано да ја негуваме и да се трудиме да биде присутна во секојдневниот живот. За жал, опаѓањето на забите, дамките, менување на бојата, дури и нивното мало поместување како резултат на стареењето се неизбежни. Сите овие недостатоци можат да придонесат да се чуствувате несигурно кога се насмевнувате. Разубавувањето на насмевката вклучува поправка на поткршени, напукнати или обезбоени заби, поправка на загризот и враќање на мускулите во нормална положба. Разубавувањето може да вклучи секаква комбинација на порцелански навлаки, бели пломби, коронки, мостови или белење на забите. 



Порцелански коронки

Доколку вашите заби се обезбоени, поткршени или напукнати, порцеланските коронки се можеби токму она што ви е потребно, а воедно се и најчесто употребувани во естетската стоматологија. Порцеланските коронки се прават во согласност со формата на вашите заби, а потоа се ставаат и хемиски се поврзуваат. Тие ги прекриваат грдите поткршувања и пукнатини, како и неправилните и искривени заби, а изгледаат толку природно што е речиси невозможно да се разликуваат од природните заби. Доколу размислувате за порцелански коронки, јавете се кај нас за да закажете почетна консултација.

Belewe на забите

Дали сте забележале дека со стареењето, така и вашите заби го губат сјајот? Иако дисколорацијата се забрзува со пушењето, кафето, слатките, газираните пијалаци и други слични производи, природната дисколорација најчесто се забележува кон средината или крајот на втората деценија од животот.
Едноставното белеење на забите може да донесе драматично подобрување на надворешниот изглед и самодовербата.
Пломби во боја на забите (не -метални пломби)

Дали се чуствувате непријатно поради златната, сребрената или, пак, сивата боја на пломбите на вашите заби? Дали некои од пломбите кои ги имате се поцрнети? Мислите ли дека тоа е првото нешто што се гледа кога зборувате или се смеете? Не грижете се, не сте единствени, а за среќа, сето тоа може да се поправи.
Белите пломби, кои се, исто така, познати и како порцелански или композитни пломби, посебно се направени за да одговараат на бојата на вашите заби. Тие се користат за да се поправат забите или да се пополни нерамнините. Пломбите, исто така, можат да се користат за замена или поправка на старите амалгамски пломби. Порцеланските пломби стануваат есенцијален дел од забот, кои се приспособуваат на формата на вашите заби и даваат природен изглед, при што преодот помеѓу пломбата и забот е речиси незабележлив. Белите пломби се најдобрата издржлива замена за сребрените пломби. Доколку имате заб кој треба да се поправи или, пак, стара амалгамска пломба која треба да се замени, белите пломби се токму тоа што ви треба за совршена насмевка.


Мостови и коронки

Ресторативната стоматологија вклучува употреба на коронки и мостови за реставрација на засебни оштетени заби, додека мостовите се користат за да се замени еден или повеќе заби. Коронките и мостовите можат да ја поправат формата и функцијата на вашите заби.
Коронки
Коронката е задолжителна, доколку забот е оштетен до степен кога не може да ја држи пломбата. Таа функционира и изгледа исто како природните заби. Доколку забот е истрошен, пукнат или во опасност од пукнување, порцеланската коронка е можното решение на проблемот. Коронките се прават според формата на забот; го покриваат целосно, лежат пријатно на непцето и го заштитуваат забот од понатамошно оштетување. Коронките ги зајакнуваат и заштитуваат забите, а воедно и ја подобруваат насмевката.

Мостови
Празнините од извадените заби не се само грда појава, туку можат и да предизвикаат сериозни проблеми. Доколку се извадени еден или повеќе заби од низата, останатите заби можат да почнат да се изместуваат од правилната положба. Ова води до измена на загризот, губење и на други забите и болести на непцата. Доколку веќе се соочувате со кој било од наведените проблеми, можеби треба да размислите за мостови. Мостот е група на поврзани коронки, кој се користи за да се стабилизира загризот, или доколку постојат празнини од изваден заб или заби. Мостот заштитува од понатамошно оштетување на забите и непцата, а во исто време ја разубавува и насмевката.


 


Доктор Радмила Димовска - Специјалист по ортодонција


КРУНА МС


ГТЦ, КЕЈ 11 НОЕМВРИ 2/2


1000 СКОПЈЕ


+389 2 3166919      


krunams@t-home.mk


 www.krunams.com.mk


 


 


 


 


 


 


 


 


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.