Info+

Без струја утре голем број села и улици во Чаир и Гази Баба

17:33 | 13.10.2014

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје известува дека утре без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од ул. 510, ул. 511, ул. 1471 и дел од ул. Перо Наков.

Поради технички зафати што ќе ги вршат екипи на ЕВН Македонија АД, утре ќе биде прекинато снабдувањето со струја во неколку села во Скопско и на некои улици во главниот град.


 


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје известува дека утре без струја од 8 до 15 часот ќе бидат корисниците од  ул. 510, ул. 511, ул. 1471 и дел од ул. Перо Наков.


 


Од 8:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Лазо Москов и Тале Христов.


 


Од 9 до 15 часот струја ќе немаат корисниците од   с. Танушевци, с. Малино и  с. Брест и корисниците од ул. Козле бр. 8.


 


Струја од 9 до 16 часот ќе немаат корисниците од с. Дивље, с. Сушица, с. Чифлик и с. Живиње.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.