Info+

Без вода утре улици во поширокиот центар

19:22 | 15.10.2014

Без вода ќе останат корисниците од улиците Рајко Жинзифов и Киро Крстевски - Платник, како и дел од корисниците од булевар Метрополит Теодосие Гологанов, лоцирани помеѓу улиците Аминта Трети и Костурски Херои.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, информира дека поради уличен дефект  на водоводна цевка од ф – 80 мм на раскрсница меѓу улиците Рајко Жинзифов и Киро Крстевски Платник, утре во периодот од 9.30 часот па се до отстранување на дефектот, без вода ќе останат корисниците од улиците Рајко Жинзифов и Киро Крстевски - Платник, како и дел од корисниците од булевар Метрополит Теодосие Гологанов, лоцирани помеѓу улиците Аминта Трети и Костурски Херои.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.