Info+

Братот на албанскиот премиер ослободен по сослушувањето

09:43 | 15.10.2014

Олси Рама, братот на албанскиот премиер Еди Рама заедно со уште три лица со кои беа приведени по синоќешниот инцидент во Белград на фудбалскиот натпревар Србија – Албанија, е пуштен на слобода и се наоѓа на пат кон Тирана, јавуваат српските медиуми.

Олси Рама беше осомничен за организирање и раководење на инцидентот со албанското знаме после кој натпреварот беше прекинат.
- Амбасадорот на Албанија кажа дека три лица се задржани и ним им се проверуваат пасошите. Се појавија информации дека нивното приведување е поврзано со сомневањето дека едно од тие лица кај себе го криело далечинскиот управувач преку кој се насочувал леталото со знамето, е наведено во некои албански медиуми.
Олси Рама на натпреварот дошол со американски пасош. Натпреварот го следеше од ВИП ложата на стадионот на Партизан.

Извор МИА

© infoplus.mk | Сите права се задржани.