Info+

Дејвид Бекам ќе ја предводи кампања против еболата

10:53 | 15.10.2014

Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам ќе ја предводи кампањата на УНИЦЕФ за превенција на еболата, јавуваат светските медиуми.

Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам ќе ја предводи кампањата на УНИЦЕФ за превенција на еболата, јавуваат светските медиуми.


Toj одлучи да помогне во подигнувањето на свеста за еболата и за начините на превенција на ширењето на оваа болест, а тоа ќе го направи по пат на видео снимка.


Видеото ќе биде прикажувано во Западна Африка, а во неа Бекам ќе ги демонстрира начините за контрола на ширењето на вирусот во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.


- Голема работа е што Бекам учествува во оваа кампања, пораид што сме многу благодарни. Фудбалот е религија во Сиера Леоне. Сите наши граѓани ги сакаат англиските фудбалери и клубови - изјавил претставник на фудбалскиот сојуз на Сиера Леоне.


Епидемијата на ебола досега зеде повеќе од 4.000 животи.


 


Подготви:Б.В.



© infoplus.mk | Сите права се задржани.