Info+

ЕВН е подготвена за зимската сезона

14:00 | 15.10.2014

Од компанијата информриаат дека севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции и целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција.

ЕВН Македонија соопшти дека ги заврши подготовките за претстојната грејна сезона и е подготвена за предизвиците кои ги носи зимата.


 


Од компанијата информриаат дека севкупната техника и човечки ресурси се ставени на располагање за евентуални реакции и целосно се опремени и подготвени тимовите за интервенција. За полесно справување со проблемите направени се стратегии и договори за заедничко делување со општините и поголемите зимски центри во земјава. 


 


„Од почетокот на годината досега направена е инспекција на 13.000 км дистрибутивна мрежа на сите напонски нивоа, како и анализа на подготвеноста на 7.000  трафостаници во земјава. Направена е интервенција на сите забележани критични точки, при што е исчистена вегетацијата на 120 км среднонапонска и на 110 км нисконапонска мрежа. Заменети се над 1.500 столба на средно и ниско напонско ниво, а санирани се над 1.700 делумно оштетени столбови.Коригирано е заземјувањето на 170 столбa од среднонапонската мрежа и на 30 трафостаници ТС 10(20)/0,4 кВ, а направени се и сите други интервенции на утврдените недостатоци по инспекција на мрежата на сите напонски нивоа. Годинава е изградена нова надземна и подземна мрежа на ниско и средно напонско ниво во вкупна должина од 140 км.“, информираат од Компанијата. 


 


ЕВН, како што соопшти, ги стави на располагање и специјализираните возила за зимски услови и возилата за специфични интервенции, мерните коли за лоцирање дефекти и друга опрема кои ќе бидат распоредени низ сите поголеми центри во земјава.


 


Околу 50 електромонтери се ангажирани во тимовите за брзи интервенции по работното време, а уште 650 може дополнително да се ангажираат. 




Подготви: Р.И.М  


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

© infoplus.mk | Сите права се задржани.