Info+

„Еуролинк осигурување“ избира најдобра фотографија на тема „Емотивната страна на културата“

10:34 | 15.10.2014

Љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци, од денеска до 15 ноември ќе можат да учествуваат на фото – натпреварот со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.




Љубителите на добрата фотографија, аматери и професионалци, од денеска до 15 ноември ќе можат да учествуваат на фото – натпреварот со авторски фотографии од овековечени моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.


„Еуролинк осигурување“ го објави својот прв голем фото-натпревар во рамките на проектот „Денови на фотографијата“. Почнувајќи од денеска и користејќи ја фотографијата како израз за да се илустрира „Емотивната страна на културата“, „Еуролинк“ упати покана до сите аматери и професионалци да испраќаат фотографии со најемотивните моменти од концерти, претстави, перформанси и други културно-уметнички и забавни манифестации.

Периодот на пријавување е до 15 ноември на Facebook фан страната на Еуролинк осигурување:www.facebook.com/eurolinkmk.

Пристигнатите авторски фотографии ќе бидат разгледани од страна жири – комисија, составена од етаблирани професионални фотографи и фото уредници. Тие ќе одлучат за најдобрите три фотографии, на чии автори ќе им бидат доделени вредносни ваучери во висина од 60.000 денари, 30.000 денари и 15.000 денари.

Исто така, преку јавно гласање за најдобрите фотографии на Facebook профилот на „Еуролинк осигурување“, и заедно со одлука на стручното жири, ќе бидат селектирани 30 најдобри фотографии кои понатаму пред јавноста ќе бидат претставени на изложба која ќе има продажен карактер и која ќе биде отворена на 20 ноември во фоајето на Македонската опера и балет во Скопје. Собраните средства од продажната изложба на фотографиите ќе бидат донирани во одделот за Дигитални уметности (фотографија) во Средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје.


 


Подготви: Ј.А.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо



© infoplus.mk | Сите права се задржани.