Поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк и неговата сопруга актерката Џесика Бил се една од ретките двојки кои својата интима ја чуваат љубоморно од јавноста. Пред неколку дена тие ја изненадија јавноста со својата прва заедничка фотографија која Џастин ја објави на неговиот профил на Инстаграм.
На фотографијата двојката е свртена со грб кон амерата додека уживаат во пејсажот кој го одзема здивот, а во описот на фотографијата Џастин напишал цитат од Ферис Буелер.
- Животот протекува пребрзо, а ако од време на време не застанеш да погледнеш околу себе може да го пропуштиш“.
Двојката во моментот се одмара во Нов Зеланд каде Тимберлејк отпатува во рамки на својата светска турнеја на која го промовира последниот албум, а Џесика го придружува на настапите.
Подготви:Б.В.