Info+

ФОТО Ѓорче Петров го празнува „11 Октомври“

13:07 | 11.10.2014

Цвеќе во спомен на паднатите борци положија и преставници од политичките партии, здруженија на борците и пензионерите, преставници од месните и урбани заедници, училиштата и градинките како и голем број на граѓани од општината.


Општината Ѓорче Петров со пригодна свечена церемонија и положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во реонскиот парк го одбележа 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ против фашизмот и Денот на борецот. 



По тој повод, Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Сокол Митровски и делегација на Советот на општината, положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ во реонскиот парк во Ѓорче Петров.



Цвеќе во спомен на паднатите борци положија и преставници од политичките партии, здруженија на борците и пензионерите, преставници од месните и урбани заедници, училиштата и градинките како и голем број на граѓани од општината. Градоначалникот Митровски порача дека треба да се чува и негува интегритетот и соживотот на народот. 







Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.