Info+

ФОТО Животните сцени претставени преку колекцијата „Лили“ на Ивана Кнез

15:16 | 13.10.2014

Дизајнерката Ивана Кнез ја претстави својата најнова колекција „Лили“, инспирирана од познатата руска драма „Галеб“.

Дизајнерката Ивана Кнез ја претстави својата најнова колекција „Лили“, инспирирана од познатата руска драма „Галеб“.
- Ова е колекција инспирирана од познатата драма Галеб на маестралниот Чехов. Тоа е всушност последниот проект на кој соработував со Билјана Радиноска, режисер и личност која ја почитувам многу и често знае да ме инспирира од костимот да направам цела колекција. Колекцијата „Лили“ е изработена од рециклирана кожа и пердуви, кристали и камења. Тежнее кон длабочина на перспективни емоционални искуства и искрени животни приказни“ ­­– изјавува Ивана Кнез. 
Заштитно лице на последното ремек дело на младата и талентирана дизајнерка е познатата водителка Миа Костова.
- Неверојатната креативност на Ивана, преку објективот на Чулиќ и мајсторијата на Даниел за мене беа најлесните два часа поминати на сет. Уживав во секој момент како што уживам и во новата колекција на „Студио Драма“ – вели Миа Костова. 
За снимањето на фотосесијата беше задолжен фотографот Жарко Чулиќ, а визажистот Даниел Николовски беше задолжен за шминката и фризурата на Миа. 
Колекцијата „Лили“ за рекордно брзо време беше речиси целосно распродадена, а последните модели од колекцијата се достапни во „Студио Драма“.


Подготви:Б.В.






 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.