Info+

Фејсбук во офанзива за превенција на болести и за поддршка на пациенти

15:46 | 14.10.2014

Во изминатите неколку месеци, компанијата Фејсбук имала голем број состаноци со медицински лица и доктори специјалисти. По разговорите отвориле посебен оддел за истражување и развој на медицински апликации.

Фејсбук вчера објави дека ќе се приклучи на се поголемиот број на технолошки компании кои вложуваат во пазарот на софтвер и социјално вмрежување наменети за заштита на здравјето и за вмрежување на пациенти.


 


Според Ројтерс, после сличните апликации на Епл, Apple's Healthkit и на Гугл, Google Fit , Фејсбук размислува за создавање „Заедници на поддршка“ на интернет, кои ќе ги поврзуваат корисниците на социјалната мрежа кои боледуваат од различни болести. Исто така се размислува и за создавање апликации кои ќе овозможат превенција на болести и подобрување на животниот стил на луѓето.


 


Во изминатите  неколку месеци, компанијата Фејсбук имала голем број состаноци со медицински лица и доктори специјалисти. По разговорите отвориле посебен оддел за истражување и развој на медицински апликации.



Фитнес уредите и апликациите за здравствени услуги се пазар којшто расте со огромна брзина, но бројот на целосно оперативни и тестирани апликации е се уште многу мал.


 


Подготви: В.С.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.