Info+

Француска супа на лепче

13:50 | 27.06.2012

Состојки:


2 лажици маслиново масло


1 благ кромид, на четвртинки исечкан


1 црвен кромид, на четвртинки


3 мали жолти кромида, на осминки


2 лажици суво бело вино


2 шолји зеленчукова супа


½ лажичка мед


1 китка мајчина душичка


4 филии леб


60 г кашкавал еменатал или грејер, рендан


Приготвување:


1. Загрејте една лажица масло и додадете ги благиот и црвениот кромид. Покријте и нека се крчка 15-20 минути, додека кромидот добие кафена боја.


2. Загрејте 1 лажица масло и додадете го жолтиот кромид и пржете 5 минути. Тргнете на страна 12 парчиња од кромидот и исечкајте го остатокот од кромидот.


3. Додадете го жолтиот кромид на благиот и црвениот кромид. Пржете откриено, 5 минути или додека добие кафена боја. Додадете го виното, пржете 1-2 минути или додека најголемиот дел од течноста испари.


4. Сипете ги супата, медот и мајчината душичка, ставете сол и пипер, полуоткриено нека се вари 10-20 минути, додека поголемиот дел од течноста испари.


5. Потпечете ги филиите леб во рерна. Врз нив наредете ¼ шолја од смесата со кромидот, а врз тоа ставете кашкавал. Ставете 3 крукчиња од кромидот што го оставивте на страна. Нека се пече 2-3 минути, додека се стопи кашкавалот.

© infoplus.mk | Сите права се задржани.