Info+

ГАЛЕРИЈА Премиера на новата драма на Горан Стефановски режирана од Александар Поповски в четврток

18:23 | 13.10.2014

Жанрот на пиесата е трагична фарса. Истовремено е трагично и комично да се гледа како луѓето, според Џојс, се обидуваат „да се разбудат од ноќната мора на историјата“. А и ако успееме да ја растераме оваа срамна хипноза, дали ќе се засрамиме? - вели за своето најново дело прочуениот драмски писател Стефановски.

На сцената на Словенско народно гледалишче во Љубљана, Словенија, в четврток ќе се одржи премиерата на Figurea Veneris Historiae, новата драма на Горан Стефановски режирана од Александар Поповски.


 


- Темата на пиесата е дека љубовта е невозможна во светот на политика. Таа ја прикажува историјата како масовна човечка оргија, баханалија. Војната е средство со кое историјата и човештвото меѓусебно се силуваат. Жанрот на пиесата е трагична фарса. Истовремено е трагично и комично да се гледа како луѓето, според Џојс, се обидуваат „да се разбудат од ноќната мора на историјата“. А и ако успееме да ја растераме оваа срамна хипноза, дали ќе се засрамиме? - вели за своето најново дело прочуениот драмски писател Стефановски.


 


Драмата е напишана по порачка од Словенско народно гледалишче.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.