Info+

Германија ја намали прогнозата за раст на економијата

09:53 | 15.10.2014

Министерот за економија и енергетика Сигмунд Габриел соопшти дека министерството очекува и раст на економијата годинава од 1,2 отсто наместо 1,8 отсто како што веше планирано на почетокот на годината.

Германската влада ја намали прогнозата за економски раст годинава од 1,8 на 1,2 отсто. Министерот за економија и енергетика Сигмунд Габриел соопшти дека министерството очекува и раст на економијата во 2015 година од 1,3 отсто, наместо како што беше прогнозирано на почетокот на гофдинава 2 отсто.


 


Габриел изјави дека уште моментов Владата нема намера да ја менува својата економска и фискална политика.


 


Неговиот коментар е поврзан со ставовите на некои земји-членки и меѓународни организации дека Германија треба да ги зголеми јавните трошоци, за да стимулира економски раст.


 


Германија е најголемата економија во Еврозоната и се смета за главен мотор на економскиот раст во зоната.




Подготви: Р.И.М  


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  

© infoplus.mk | Сите права се задржани.