Изложба на акварели на ликовниот уметник од Штип, Иван Сулевски, ќе биде отворена во петок во 19 часот во алеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“, а во 20.30 часот во салата на Домот на културата во Кавадарци ќе се одржи претставата „Три варијации на една тема“ по текст и режија на Коле Ангеловски, во изведба на Прилепскиот народен театар.
Овие настани се дел од манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2014“ која почна на 8 октомври. Од 24 до 28 октомври по десетти пат во Кавадрци ќе се одвива „Фестивалот на новиот германски филм“ во салата на Домот на културата, на кој љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да погледнат пет филмови од најновата германска продукција. Во меѓувреме, во сабота на 25 октомври од 19.30 часот, ќе биде прикажана претставата „Лазо“ во изведба на Театарот при Домот на културата од Кавадарци.
Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо