Info+

Хрватски „Краш“ започна извоз во Јужна Кореја

11:52 | 15.10.2014

Како што е соопштено од таа загрепска компанија, на полиците на корејските продавници ќе се најдат и „Кики“ гумени бонбони, додека за Јапонија се подготвува веќе втора пратка наполитанки.

Хрватскиот кондиторски производител „Краш“ во почетокот на октомври почна извоз на колачи во Јужна Кореја, а во подготовка е и втора пратка за Јапонија. 


 


Како што е соопштено од таа загрепска компанија, на полиците на корејските продавници ќе се најдат и „Кики“ гумени бонбони, додека за Јапонија се подготвува веќе втора пратка наполитанки. 


 


Отворањето на новите пазари е резултат на долгорочните преговори и соработката со корејските и јапонските претприемачи, по воспоставувањето на контакти на светските саеми, истакнаа во Краш.


Извор: МИА 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.