Водечкиот индекс на Атинската берза Атхекс го заврши денешниот ден со загуба од 6,25 проценти и се намали до 888,93 поени. Тоа е рекорден пад на овoј индекс од јули 2012 година.
Вредноста на индексот паѓа втор ден по ред. На 90 минути пред затворањето на берзата тој се намали за 10,05 проценти.
Намалувањето на индексот се случува поради притисокот и големите загуби на европските пазари.
Во исто време, приходот грчки обврзници со рок на доспевање од 10 година забележа пораст од 7,77 проценти, што е највисоко ниво од мај 2012 година, кога беше најтешкиот период на грчката криза.
Извор: МИА