Компаниите „Југохром“ и „Макстил“ ќе бидат затворени, оти нема да успеат да извадат - А еколошка дозвола до 31 октомври, датум кој го одреди Владата за поставување на филтри на фабриките, изјави министерот за животна средина Нурхан Изаири за време на посетата на Тетово.
- Макстил веќе е при крај на извршување на своите еколошки задачи, но сепак оваа фабрика нема да успее да постави филтри до 31 октомври. Според нашите информации и мојата посета на терен тие својата фабрика ќе ја затворат на 31 октомври и таа нема да работи се додека не ги исполнат еколошките стандарди за работа - рече министерот Изаири.
Изаири соопшти дека „Југохром“ започнала никакви активности околу добивање на еколошка дозвола.
- Што се однесува до „Југохром“, тие воопшто не започнале со постапката за поставување на филтри на фабриката. Ги повикувам да бидат солидарни и сами да ја затворат фабриката, во спротивно ќе мора Министерството да постапи според законот - рече Изаири.
Со оглед на зголеменото загадување на Скопје, Тетово и Кичево во кои е регистрирано големо загадување деновиве, министерот за животна средина ги повика граѓаните да се вклучат во намалувањето на загадувањето.
Според податоците на Министерството за животна средина, околу 25 отсто од загадувањето на воздухот со ПМ- 10 честички доаѓа поради сообраќајот и несоодветниот начин на затоплување.
Подготви: Р.И.М
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо