Info+

Колач од јаболки

12:41 | 03.07.2012

Состојки:


За колачот


250 г сенаменско брашно


2 лажички печиво


½ лажичка сода бикарбона


½ лажичка сол


¾ лажичка цимет


½ лажичка ѓумбир


1/8 лажичка каранфилче, мелено


113 г путер


195 г лесен кафеав шеќер


1 лажичка екстракт од ванила


2 јајца


365 г сос од јаболки


50 г ореви, сечкани


 


За прелив:


142 г крем сирење


3 лажици путер


¼ лажичка екстракт од ванила


120 г шеќер


1 лажичка цимет


 Приготвување:


1.Измешајте ги брашното, печивото, содата, солта и зачините. Додајте го путерот, кафеавиот шеќер и ванилата и изматете добро.


2. Додајте ги јајцата едно по едно, па додајте го сосот од јаболки. На крајот сипете ги и оревите.


3. Ставете ја смесата во тава, печете на 180 степени, 35-40 минути.


4. За преливот: изматете ги крем сирењето, путерот, ванилата, па додајте ги шеќерот и циметот. Потоа намачкајте врз колачот.

© infoplus.mk | Сите права се задржани.