Info+

Колач со печурки

11:43 | 29.06.2012

 


Состојки:


За кростата


250 г сенаменско брашно


1 лажичка сол


225 г путер, на коцки


60 мл ладна вода


масло


 


Фил


1 лажица маслиново масло


905 г печурки


сол


црн пипер


1 лажица путер


2 кромида, сечкани


1 лажица свежа мајчина душичка


70 г кашкавал ементал или грејер, рендан


475 мл млеко


475 мл течна павлака


6 големи јајца


морско оревче


Приготвување:


1.За кростатата: Измешајте една шолја брашно со солта, потоа додадете го путерот и изматете добро. Додајте го остатокот од брашното, ладната вода и добро измесете. Ставете го тестото во фрижидер да отсто најмалку 1 час. 


2. Во висока тава или тава со прстен што се вади, ставете го тестото што претходно сте го развлекле со сукало. Намачкајте го со масло и потпечете го тестото покриено со хартија за печење околу 10-15 минути. Потоа извадете го од рерна и додајте го филот.


3. За филот: Загрејте масло во тава и испржете ги печурките со сол и црн пипер, 5 минути. Намалете го огнот и пржете уште 12 минути. Ставете четвртина од кашкавалот и половина од печурките на дното на тестото. Изматете ги млекото, павлаката и јајцата со 1 ½ лажичка сол, малку црн пипер и морско оревче. Потоа сипете половина од смесата врз печурките. Одозгора ставете го остатокот од кашкавалот и печурките, а врз нив остатокот од смесата со млекото.  


4. Печете на 180 степени час и половина, откако ќе се излади служете.


 


 


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.