Info+

Комедијата „Ајде да бидеме полицајци“ во кино-салите во земјава

22:03 | 15.10.2014

Во насловните улоги играат Џејк Џонсон како Рајан и Дејмон Вајанс Помладиот како Џастин.

Забавната акциона комедија „Ајде да бидеме полицајци“(Let’s Be Cops) на режисерот Лука Гринфилд од 23 октомври ќе се прикажува во кино-салите во земјава. 


 


Во насловните улоги играат Џејк Џонсон како Рајан и Дејмон Вајанс Помладиот како Џастин. Во филмот играат и ѕвездите од серијата „Вампирски дневници“ Нина Добрев, Роб Ригл, и исклучителниот Енди Гарсија.


 



Идејата за филмот „Ајде да бидеме полицајци“ е родена кога режисерот Лук Гринфилд одлучил да се облече за празникот „Ноќ на вештерките“ во полициска униформа, а тој избор завршил со неочекувани последици.


 


- Тогашниот костимограф ми набави вистинска униформа и со еден пријател се шетавме по улиците на Лос Анџелес. Чувството на моќ и на авторитет беше неверојатно. Тогаш не бев во љубовна врска и ми беше многу лесно да разговарам со жените на улиците од градот- вели режисерот Гринфилд кој подоцна тоа го преточил во филмот.




Подготви: Р.И.М  


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо  


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.