Гигантот Леново официјално ги презентираше своите смартфони пред македонските корисници. Беа претставени сите осум модели кои ќе се продаваат на македонскиот пазар на ексклузивен настан кој помина под знакот на најновиот ексклузивен Lenovo Vibe Z2 Pro – премиум смартфон кој ги комбинира најсовремените мобилни технологии со импресивен дизајн.
Македонија е една од првите земји во Европа на чијшто пазар ќе може да се најдат паметните телефони Lenovo. Експанзија на компанијата се случува во последните неколку години - доказ за тоа е дека Lenovo паметните телефони во светот направија голем раст и заедно со брендот Моторола се трети според пазарно учество, кое на глобалниот пазар изнесува осум отсто.
Водител на настанот беше популарниот ТВ и радио водител Димитар Атанасовски, кој заедно со екипата од Леново ги претстави паметните телефони пред македонската публика. Владимир Остојиќ, одговорен за Адриатик регионот, ги презентираше моделите Vibe Z2 Pro, Vibe X, S860, S850, S580, A536, A328 и A369i – широк спектар на модели со разновидни цени, наменети за сите корисници на мобилни телефони.Македонија е меѓу првите земји каде што Lenovo смартфоните официјално се претставени. Еден од факторите кој влијаеше на тоа е одличната професионална соработка со компанијата ТДК Компјутери. Во Македонија има добро развиен пазар за интернет технологијата и таа е и меѓу првите земји што работи со 4Г технологија. Од друга страна, портфолиото на Lenovo за 4Г технологија е многу добро и затоа одлучивме да влеземе на овој пазар - изјави Владислав Иванов кој е претставник на Lenovo таблети и смартфони за Југоисточна Европа.
Смартфоните Lenovo ќе бидат достапни за граѓаните во салоните на мобилните оператори Вип и Оне, како и во сите доброопремени ИТ продавници на територијата на Македонија.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо