Info+

Маж во Кичево изгоре до смрт

19:40 | 15.10.2014

Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила, по што пожарот е целосно изгаснат.

Во пожар кој утринава избувна во куќа во населба Иванидол во Кичево, покрај големата материјална штета на објектот, изгоре и еден маж, кој во тоа време се наоѓал во сопствената куќа. Живеел сам, известува Канал 77.


 


Пожарникарите интервенирале со две противпожарни возила, по што пожарот е целосно изгаснат.


 


- За кратко време, пожарникарите успеале да го локализираат пожарот и да создадат услови за влез на екипите во куќата. Во една од просториите беше пронајдено телото на Доце С. - информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски.


 


Увид извршиле екипа на МВР и Јавен обвинител, кои по дополнителната истрага ќе утврдат кои се причините за пожарот и за смртта на мажот.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


 


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.