Германската канцеларка Ангела Меркел, односно, Канцеларската служба, распишала конкурс за „хаусмајстор“, а медиумите пишуваат дека профилот на бараната личност за работење во таа служба не може да се спореди со вообичаената работа од тој вид и дека избраниот, помеѓу останатото, мора да има диплома и возачка дозвола, да знае да работи на компјутер и – да знае англиски.
Во случај да се сретне со Барак Обама и тој да го запраша каде е „restroom“ (тоалет), шеговито коментираат меидумите денеска и пишуваат дека конкурсот е отворен до петок и дека во времето на канцеларот Гархард Шредер биле четворица, а сега би требало да бидат ангажирани шест луѓе на „хаусмајсторски“ работи.
Во конкурсот „политички коректно“ се бара еден „хаусмајстор“ и не пишува, на пример, facility manager, забележува германскиот печат.
Медиумите пишуваат дека во времето на Шредер „хаусмајсторот“ имал и службен стан - четири соби, кујна и две тераси со поглед на раката Шпре, каде хаусмајсторот Волганг К. живеел со свооето семејство, но еден ден му дошле преку глава сигурносните теми.
Неговиот наследник не ни сакал да се всели во „машината за долна облека“, како што се вели за Канцеларската служба, така што станот на настојникот е претворен во канцеларии, пренесуваат медиумите.
Подготви: К. А.