Info+

На секои шест месеци менувајте нов дезодоранс

14:00 | 11.10.2014

Потењето е природен начин телото да се лади и да ги исфрла штетните материи, а дерматолозите препорачуваат дезодорансот да се менува на секои шест месеци, бидејќи телото се навикнува на него и повеќе не реагира.

Потењето е природен начин  телото да се лади и да ги исфрла штетните материи, а дерматолозите препорачуваат дезодорансот да се менува на секои шест месеци, бидејќи телото се навикнува на него и повеќе не реагира.


Тие објаснуваат дека разните видови на потење како она што е предизвикано од стрес, топлина или вежбање, имаат карактеристичен хемиски сотав па така на пример „мирисот на стресот“ може да е прилично непријатен, пишува порталот „Плива“.


Најдобар начин за спречување на непријатните мириси под пазувите се дезодорансите , а ако личноста е алергична може сами да си направите  средство од разни масла и екстракти со антибактериско делување.


Жолитите дамки на облеката се појавуваат поради реакцијата на алуминиумот со потта, ткаенината или детергентот за алишта и затоа непоходно е внимателно да се прочита декларацијата на дезодорансот.


Дерматолозите истотака предупредуваат да не се претерува со антибактериските сапуни и купки. Тие сметаат дека дезодоранските за мажите и жените се маркетнишки трики бидејќи нивниот состав е ист а единствена разлика е пакувањето и мирисот.


 


Подготви:Б.В.


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.