Дваесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со 19 држави од Европа и светот вечерва е одбележана со свечена академија.
- Сите нас, земјите на јубилејот, не поврзува 1994 година, годината во која преку дипломатските односи со споменатите 19 држави, Република Македонија влезе на сите континенти во светот. До денес создаде многу мостови, остави печат и стана реалност -рече во своето обраќање министерот за надворешни работи, Никола Попоски.
Амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Стефано Лазарото, во името на сите 19 држави, даде краток осврт на пријателството со Македонија, притоа истакнувајќи дека изминатите 20 години соработка не се само договор на хартија, туку претставуваат вистинска соработка којашто се одвива во реалноста.
Во 1994 години Република Македонија воспостави дипломатски односи со Швајцарската Конфедерација, Кнежевството Лихтенштајн, Руската Федерација, Кралството Белгија, Јапонија, Чешката Република, Словачката Република, Киргиската Република, Социјалистичка Република Виетнам, Повеќенационалната Држава Боливија, Кралството Шпанија, Унгарија, Големото Војводство Луксембург, Арапската Република Египет, Португалската Република, Република Ирска, Светата Столица, Република Австрија и Република Узбекистан.
Подготви: Р.И.М
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо