Една од првите работи кои во животот ја учиме е дека рацете треба да се измијат со сапун по употреба на тоалетот.
Сепак, многумина и понатаму не го практикуваат миењето на рацете. Една американска студија открила дека многумина не ја одржуваат правилно хигиената на рацете по одењето во тоалет.
Истражувачите откриле дека мажите се значително понеуредни од жените. Тие се поопуштени кога е во прашање миењето на рацете, бидејќи не сметаат дека се извалкале по контактот со својот пенис.
Според една студија од 2013 година, 70 отсто од луѓето признале дека понекогаш ги мијат рацете само со вода, не користејќи сапун, додека 81 отсто не ги измиле рацете по користење на јавен тоалет. И тука мажите биле понеуредни: само 60 отсто од мажите секогаш ги миеле рацете по одењето во јавен тоалет, во споредбна со 74 отсто од жените.
Подготви: К. А.