Info+

Операцијата против ИД во Ирак и Сирија наречена „Вродена решителност“

19:30 | 15.10.2014

Американските воени авиони вчера и денеска извршија 18 напади врз позиции на Исламска држава во сирискиот град Кобане, соопшти Централната команда на Вооружените сили на САД.

Американското Министерство за одбрана операцијата против џихадистичката група Исламска држава во Ирак и Сирија ја нарече „Вродена решителност“.


 


- Името на операцијата е „Вродена решителност“. Одлуката беше донесена пред неколку дена - истакна полковник Ед Томас без да наведе повеќе детали.


 


На 8 август САД почнаа да ги бомбардираат позициите на ИД прво во Ирак, а потоа во Сирија.


 


Американските воени авиони вчера и денеска извршија 18 напади врз позиции на Исламска држава во сирискиот град Кобане, соопшти Централната команда на Вооружените сили на САД.


 


Американската воена авијација изврши и пет напади врз борците на ИД во Ирак, се посочува во соопштението од Централната команда.


 


Извор: МИА

© infoplus.mk | Сите права се задржани.