Info+

Осумина повредени во сообраќајка во Тетово

15:26 | 15.10.2014

Во несреќата повреди биле двајцата возачи, двајца сопатници од „фордот“ и четворица патници од „југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош.

Осумина биле повредени во сообраќајка која се случила вчера попладне околу 18.30 часот во Тетово. Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„форд мондео“ со странски регистерски таблици што го управувал 24-годишниот М.Р. и „југо“ со тетовски таблици управувано од 26-годишниот Р.В. исто така од Тетово, а се случила на крстосницата од улиците Штипска и 116 во Тетово. Во несреќата повреди биле двајцата возачи, двајца сопатници од „фордот“ и четворица патници од „југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома.



Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.