Info+

Овошна салата со пилешко

16:00 | 26.06.2012

Состојки:


1 конзерва мандарини, исцедени


1 конзерва ананас, исцеден


4 шолји сварено пилешко


2 шолји црвено или зелено грозје, пресечено


1 шолја целер, сечкан


листови зелена салата


бадеми, сечкани


 


За прелив:


1 ½ шолји мајонез


1 лажица сос од соја


1 лажица сок од лимон


1 ½ лажичка кари


 


Приготвување:


1.Во голем сад измешајте ги портокалите, ананасот, пилешкото, грозјето и целерот.


2. Во мал сад измешајте ги сите состојки за преливот. Прелијте врз салатата и измешајте добро. Нека се лади 1 час. Служете врз листови салата, наросете со сечкани бадеми.

© infoplus.mk | Сите права се задржани.