Info+

Паметните табли стасаа и во Македонија

12:47 | 02.10.2014

Од неодамна и на македонскиот пазар за прв пат се понудени светски познатите паметни табли Smart Boards. Тоа е канадски производ кој го освои светот поради мултифункционалноста што ја нуди. Увозник и застапник за Македонија е компанијата „Унет“, која има долгогодишно искуство во интерактивни веб комуникации.

Анета Антова Пешева, генерална директорка на „Унет“, објаснува дека Smart Board е иновација која веќе ги придвижува образованието, организациите и компаниите од целиот свет напред -  правец во кој треба да се движи и Македонија. 

- Олеснувањето на образованиот процес и корпоративните комуникации се клучни за развој и напредок, а овој продукт токму тоа го овозможува. Во сите видови на едукација и во секоја компанија, дијалогот и интеракцијата се основа за ефикасност и токму затоа сме убедени дека Smart Board е извонреден производ и за македонскиот пазар – истакна Пешева.

Подготви: Б.И.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.