Info+

Почина поранешниот младински репрезентативец Александар Којчевски

09:14 | 16.10.2014

Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД.

Неверување, голема болка и неизмерна тага предизвика веста за ненадејната смрт на поранешниот кадетски и младински кошаркарски репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски кој почина утрово на свои само 22 години, пишува порталот Екипа.



Александар Којчевски во текот на кошаркарската кариера настапуваше за неколку клубови во нашата земја меѓу кои Јуниор, Ангели и Торус, како и за универзитетски кошаркарски клубови во САД. Како перспективен млад кошаркар беше член на кадетската и младинската репрезентација на Македонија. Активно играше кошарка до пред две сезони.


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.