Info+

Продолжува проектот „Музејот – пријател на децата"

11:20 | 14.10.2014

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува проектот "Музејот – пријател на децата", што предвидува одржување креативни и едукативни работилници

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува проектот "Музејот – пријател на децата", што предвидува одржување креативни и едукативни работилници во просториите на музејот со ученици од литературни, ликовни, драмски и историски секции од основните училишта и од средните училишта од градот, соопштуваат од оваа институција.


 


Музејот упатува покана до заинтересираните ученици и наставници да го пријават своето учество во работилниците, по што учесниците ќе добијат диплома за учество, а за најуспешните предвидени се и и награди.


 


Подготви: Ј.А.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо


© infoplus.mk | Сите права се задржани.