Info+

Промоција на книга за македонските Евреи од 16. до 19. век в четврток

15:24 | 13.10.2014

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија в четврток со почеток во 12 часот ќе биде промовирана книгата „Македонските Евреи во османлиските пописи од XVI и од XIX век“ од д- р Дрaги Ѓоргиев.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија в четврток со почеток во 12 часот ќе биде промовирана книгата  „Македонските Евреи во османлиските пописи од XVI и од XIX век“ од д- р Дрaги Ѓоргиев.


 


Книгата ќе ја промовира проф. д-р Софија Грандаковска.


 


Драги Ѓоргиев има завршено историја на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и факултет за ориетални јазици на Универзитетот во Сараево. Неколкупати престојувал во Туција на студии и специјализации, а од 1993 година редовно истражува во Османлискиот архив во Истанбул. Работи врз најраните османлиски пописи за територијата на Македонија од 15. и 16.век и е еден од ретките историчари во земјава што одлично ги познаваат современиот турски јазик и османлискиот јазик и ги преведува османлиските документи и литература.


 


Автор е на повеќе од 25 монографски труда и зборници со османлиски документи, како и на повеќе од 50 објавени статии во домашни и меѓународни списанија што ја обработуваат османлиската историја.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.