Info+

Работи кои треба да ги избегнувате за да имате здрав и длабок сон

13:59 | 12.10.2014

Проблемот со спиењето понекогаш е последица на стресниот стил на живот, а понекогаш едноставно е резултат на навиките кои го нарушуваат нашиот природен биоритам.

Проблемот со спиењето понекогаш е последица на стресниот стил на живот, а понекогаш едноставно е резултат на навиките кои го нарушуваат нашиот природен биоритам.


Токму како што хигиената е половина здравје, така и одредени навики се пат до  добриот сон.


Ова се десет брзи и едноставни совети кои би требало да ги усвоите доколку сакате да бидете одморени и наспиени секој ден. Обидете се да се држите до овие едноставни правила кои бараат само малку дисциплина.


- Избегнувајте да спиете помалку од седум или повеќе од девет часа.


- Во кревет одете без својот мобилен телефон и доколку го носите со себе, задолжително вклучете го во „airplane mood“.


- Никако не одете да спиете со таблет или лаптоп во рацете.


- Забрането е проверување на електронска пошта барем неколку часа пред да си легнете.


- Не гледајте телевизија барем еден час пред да одите во кревет.


- Забранета е консумација на кофеин осум часа пред да одите на спиење.


- Избегнувајте консумација на алкохол три часа пред спиењето.


- Во креветот треба да им забраните пристап на домашните миленици.


- За викенд не важи друг распоред. Будете се секогаш во исто време.


- Не практикувајте физичка активност три дo четири часа пред спиење.
 

Подготви:Б.В.

© infoplus.mk | Сите права се задржани.