Info+

СДСМ: Венецијанската комисија упати критики за уставната измена во отсуство на опозицијата

19:51 | 15.10.2014

Тоа го порача СДСМ реагирајќи на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Рената Дескоска - Треневска.

Токму Венецијанската комисија упати директни критики на уставната измена што во отсуство на опозицијата сака да ја протне власта на Груевски, тоа е воведувањето т.н. меѓународна финансиска зона.  Токму Венецијанската комисија укажува дека „постои потенцијален ризик дека зоната ќе стане рај за нечисти пари.


 


Тоа го порача СДСМ реагирајќи на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Рената Дескоска - Тренеска.


 


„Токму Венецијанската комисија стравува дека оваа зона може да стане „држава во држава“. „Исклучувањето на оваа зона од правниот поредок на државата не е компатибилно со основните одредби на Уставот и на европското уставно наследство“ стои во мислењето на Венецијанската комисија. Тоа што досега го говореше СДСМ, почна да доаѓа во најдиректни пораки и констатации од меѓународниот фактор“, порачува најголемата опозициска партија.


 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.