Info+

СДСМ: Власта е на потег ако сака политички дијалог

15:18 | 15.10.2014

Евроамбасадорот Аиво Орав вчера ден рече дека за добра иднина на државава треба да продолжи политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата. Ние сме спремни за политички дијалог, но власта става гард, изјави денеска на пресконференција членот на извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска-Тренеска.

За политичкиот дијалог кој го бара опозицијата, Владата е на потег. СДСМ јасно кажа сè. Евроамбасадорот Аиво Орав пред еден ден рече дека за добра иднина на државава треба да продолжи политичкиот дијалог помеѓу власта и опозицијата. Тој рече дека треба да се разговара за сите теми и треба да има суштински дијалог. Ние сме спремни за политички дијалог, но власта става гард. Таа е на потег, изјави денеска на прес-конференција членот на извршниот одбор на СДСМ, Рената Дескоска-Тренеска.




Подготви: Г.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.