Info+

Штрудла со печурки

14:38 | 23.07.2012

Состојки:


12-18 тенки кори


¼ до ½ шолја путер, стопен


1 јајце изматено


450 г мешани печурки, сечкани


1 среден кромид, сечкан


3 лажици путер


морско оревче


1 лажица шери


1 лажица сенаменско брашно


мајоран или мајчина душичка


4-6 лажици пармезан


сол


црн пипер


Приготвување:


1.За филот: Испржете го кромидот на путер и додајте ги печурките и морското оревче. Пржете 5-7 минути. Додадете го шерито и пржете додека испари течноста, 2-3 минути. Додадете ги брашното, билките, сол и пипер и нека се излади.


2. Намачкајте ги корите од двете страни со путер. Наредете три кори една врз друга и во нив ставете од филот и 1 лажица пармезан. Затворете ги корите и намачкајте ги со јајце. Повторете додека го потрошите материјалот.


3. Печете на 200 степени, околу 15 минути. Служете топло.

© infoplus.mk | Сите права се задржани.