Info+

Следниот вторник Драчево, Студеничани и Зелениково без вода

19:33 | 14.10.2014

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација, извести дека на 21 октомври, вторник, ќе почне реконструкцијата на Пумпна станица Драчево.

Ќе се менуваат затварачи на усис од 350 милиметри, ќе се поставуваат нови мотори и нови пумпи, а ќе се постават и нови енергетски кабли.

Поради тоа, во периодот од 8 до 17 часот на 21 октомври без вода за пиење ќе останат дел од населбата Драчево, како и селото, но и селата Студеничани, Моране и Зелениково.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо

© infoplus.mk | Сите права се задржани.