Info+

Тава со лозов лист

15:59 | 24.07.2012

 


Состојки:


30 листови од лоза


2 лажици маслиново масло


1 голем кромид, ситно сечкан


1 шолја интегрален ориз


2 шолји зеленчуков или сок од домати


1 шолја несолени фстаци, сечкани


1 шолја магдонос, сечкан


1 шолја свежо нане


1 шолја суво грозје


¼ шолја сок од лимон


1 лимон, за украс


 Приготвување:


1. Потопете ги листовите од лоза во зовриена вода 2 минути. Исцедете ги и тргнете ги на страна.


2. Загрејте масло на среден оган, додајте го кромидот и пржете 7-10 минути. Додадете го оризот и две ипол шолји вода и нека зоврие. Покријте и нека се вари 30-40 минути или додека течноста се впие. Тргнете го од огнот и додадете ги сокот од домати, фстаците, магдоносот, нането, сувото грозје и сокот од лимон. Наросете сол и црн пипер по желба.


3. На дното од тавата ставете листови лоза и сипете ја половината од смесата со оризот. На врвот од оризот ставете листови од лоза а врз нив повторно сипете од оризот. Печете на 30-40 минути на 175 степени. Покријте со листови од лоза. Украсете со парчиња лимон.


 


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.