Info+

Тридневна манифестација „Самун ем талија“ во Радовиш

14:36 | 14.10.2014

Општина Радовиш традиционално од 17 до 19 октомври за сите сладокусци на добра храна и забава, ја организира својата најголема манифестација „Самун ем татлија“.

Општина Радовиш традиционално од 17 до 19 октомври за сите сладокусци на добра храна и забава, ја организира својата најголема манифестација „Самун ем татлија“.


 Манифестацијата ќе се одржи на Плоштадот „Свети Спасо Радовишки“, а предвидена е богата културно забавна програма. Во петок 17. октомври на програмата се најавени најдобрите музички таленти на Радовиш, а за крај  на првата вечер голем концерт на македонската поп-звезда Елена Ристеска.


Во сабота, на 18-октомври е најавен настанот на „Распеани Радовишани“, „Трио Гранде“, „Бистри Извори“ со Ванчо Тарабунов, Јордан Митев,  „Уска Кан“ и Сашо Гигов Гиш и легендите „Хари Мата Хари“.


Тридневната манифестација ќе заврши во недела со концертите на Соња Тарчуловска, Елена Велевска, Благица Павловска и Сузана Спасовска и „Ритам Бенд.“


 


Подготви:Б.В.


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.