Info+

Турското Министерство за култура ја цензурира пиесата на Гете

16:04 | 15.10.2014

Турското Министерство за култура се обиде да ја цензурира пиесата за животот на германскиот поет и драматург Јохан Волфганг фон Гете, што доведе до откажување на премиерната претстава во Истанбулскиот државен театар и оставка на директорот.

Турското Министерство за култура се обиде да ја цензурира пиесата за животот на германскиот поет и драматург Јохан Волфганг фон Гете, што доведе до откажување на премиерната претстава во Истанбулскиот државен театар и оставка на директорот, пишува „Хуриет дејли њуз“.




Претставници на Министерството, кои прегледуваат сценарија пред поставување на претставата на сцена, процениле дека некои делови од творбата се „глупави и еротски“.




Меѓу сцените кои се сметале за недостојни за публиката се и некои од најчувствителните реплики во пиесата „Сонцето е големо, кога заоѓа“, која раскажува за бракот на Гете со жена од пониска класа.


Според претставници на театарот, ова не е првиот случај на мешање во нивната работа. 


 


 


Извор:МИА

© infoplus.mk | Сите права се задржани.