Info+

Урми полнети со чоколадо и банана

11:24 | 14.12.2012

Состојки:


8 средни урми


2 лажици фстаци, сечкани


2 лажички чоколадо


2 лажички масло од ореви


2 лажички сок од портокал


½ шолја павлака


2 средни банани


Приготвување:


1. Извадете ги семките од урмите. Измешајте ги фстаците и чоколадото, додадете ги маслото и 1 лажичка сок од портокал.


2. Со смесата наполнете ги урмите. Измешајте ги остатокот од сокот и павлаката во друг сад.


3. На стапчиња наредете ги парчињата банана и полнетите урми. Ставете ги на скара на среден оган и пржете ги по 2 минути од двете страни. На крајот прелијте ги со сосот од павлаката.


 

© infoplus.mk | Сите права се задржани.