Лин Јао Ли (38) од Пујанг е нападната додека се враќала дома. Четири жени ја собориле на земја, ѝ ја искинале облеката и гола ја влечеле по асфалтот, клоцајќи ја по градите и препоните.
Групата „одмазднички“ била предводена од сопругата на мажот со кој Лин имала афера, а ѝ помогнале уште три пријателки.
Иако Кинеската викала и се молела за милост, тие не престанувале да ја кубат и да ја удираат.
Случајните минувачи биле изненадени од сцената, но не направиле ништо за да ѝ помогнат на жртвата, сметајќи дека го добива тоа што го заслужила, штом спиела со туѓ маж.
Полицијата не интервенирала, иако нападот се случувал пред сите.
Дури откако жените насилнички си заминале и ја оставиле, ѝ пришол еден од сограѓаните, Јун Фенг (30) и ѝ помогнал.
Тој изјавил дека ваквите ситуации стануваат вообичаени и често сопругите им се одмаздуваат на мажите со тоа што им ги претепуваат љубовниците, а луѓето наоколу не сакаат да се мешаат.
Подоцна жртвата била пренесена во болница, каде била во шок и со бројни модринки и рани.
Сличен напад се случил и минатиот месец во Џинану, кога три жени соблекле една Кинеска и ја изгазиле со чевлите затоа што го натерала на неверство сопругот на една од жените.
Подготви:Б.В.