Во американската сојузна држава Индијана жена по име Ила Соломон е уапсена бидејќи девет месеци живеела со трупот на својот сопруг, тврдејќи дека тој сакал да го изедат птиците.
За сето тоа време таа ги земала чековите од неговата пензија. Ила во интервјуто признала дека го прекршила законот бидејќи не ја пријавила смртта на сопругот, а за тоа ќе биде и кривично гонета.
Нејзиниот сопруг починал од шлог, а Ила вели дека сакала да ја исполни неговата желба.
- Сакаше по смртта да го изедат птици. Го отворав прозорецот и го оставав телото покрај него, но птиците никогаш не влегуваа внатре. Најдалеку каде што стасаа птиците беше клима-апаратот - рекла госпоѓата Соломон.
Нејзиниот сопруг умрел кон крајот на април. Кога полицијата го барала во почетокот на мај, Ила им рекла дека во моментот не е тука и дека отишол со семејството на Кентаки Дерби.
Кога по неколку месеци полицијаците повторно дошле, таа им рекла дека Џералд се шлогирал и дека во моментот е во здравствена установа, што ним им станало сомнително и влегле во станот, каде го пронашле телото на Џералс во поодмината фаза на распаѓање.
Подготви: К. А.