Владата од домашните кредитори позајми уште 50 милиони евра. На вчерашната аукција за продажба на едногодишни записи, но и на обрзници со рок на доспевање од 2,5 и 10 години, Владата планираше да позајми 28 милиони евра, но по завршувањето на аукциите позајмени 22 милиони евра повеќе.
Според податоците, повеќе од десет пати бил повисок интересот за едногодишнаите хартии од вредност, додека за купување на обврзниците со рок на доспевање од 2, 5 и 10 години интересот е налително помал.
Најголем дел од парите Владата ги собра преку продажба на обврзници со рок на доспевање од пет години, или на ваков начин во државната каса обезбеди прилив на 44 милиони евра.
Владата веќе најави дека во задолжувањето на домашен терен ќе доминираат долгорочните хартии од вредност.
Подготви: Р.И.М
Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без дозвола од редакцијата на Плусинфо