Властите во Далас денеска соопштија дека очекуваат нови случаи на заразени со ебола, откако беше потврдено дека е инфицирана втора медицинска сестра, која ја лекуваше првата жртва на вирусот во САД,
Градоначалникот на Далас, Мајк Ролингс изјави дека зградата каде живее втората медицинска сестра е дезинфецирана, а соседите се предупредени.
Минатата недела во Презитеријанската болница во Далас почина Томас Ерик Данкан, кој беше првиот дијагностициран случај на хеморагичната треска предизвикана од ебола во САД.
Кај две жени од болничкиот персонал, кои се грижеле за Данкан, утврдено е дека се носители на вирусот на ебола.
Здружението на медицински сестри соопшти дека Либериецот Данкан со часови престојувал на отвореното одделението за брза помош во болницата во Далас, а медицинскиот персонал повеќе дена се грижел за пациентот без соодветни заштитини мерки.
Извор: МИА