Info+

Во Ораховац нападнат домот на православен свештеник

18:13 | 15.10.2014

Тие извикувале „Албанија, Албанија“, фрлале стаклени шишиња врз куќите и на плоштадот пред православната црква во градот, а го скинале и српското знаме. Тројцата косовски Албанци потоа го нападнале и домот на попот, фрлајќи големи камења врз прозорците и развеале албанско знаме на неговата куќа.

Неколку минути по прекинот на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград, тројца Косовци извршиле вандалски напад врз српскиот дел на косовскиот град Ораховац.


 


Тие извикувале „Албанија, Албанија“, фрлале стаклени шишиња врз куќите и на плоштадот пред православната црква во градот, а го скинале и српското знаме.


 


Тројцата Косовци потоа го нападнале и домот на попот, фрлајќи големи камења врз прозорците и развеале албанско знаме на неговата куќа.


 


Полицијата трага по напаѓачите.


 


Извор: МИА

© infoplus.mk | Сите права се задржани.